Силно невреме со обилни врнежи веќе зафати еден дел од Србија.
Пожаревац беше меѓу првите градови кои беа погодени.
На социјалните мрежи се објавени снимки од силниот дожд во овој град, на кои се гледа како водата целосно ги парализирала улиците, додека возилата едвај поминуваат преку надојдената вода.
Претходно, снимки од невреме беа снимени во областа Јужен Банат, во Ковин.
Како што предупреди Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), локални врнежи со грмежи се очекуваат на северот од Бачка, областа Банат, источна и јужна Србија, како и во одредени делови на Белград .
Утре во Србија, според прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод, ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, но нестабилно, па на места се очекуваат врнежи од дожд и локални врнежи со грмежи.
Слаб и умерен ветер од западен и северозападен правец. Најниската температура од 8 до 16, највисоката од 23 до 26 Целзиусови степени.