ДРАМАТИЧНО ОБРАЌАЊЕ НА РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН – ‘Султанот’ има само едно решение за постигнување мир во Израел кое ќе ги налути Израелците

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача во неделата дека заедничко решение со две држави е единствениот начин да се постигне мир меѓу Израел и Палестина.

Реџеп Таип Ердоган додаде дека Турција е решена да ги засили дипломатските напори за деескалација на конфликтот меѓу израелските и палестинските сили.

Говорејќи во Истанбул, турскиот претседател кажа дека израелско-палестинскиот конфликт е во срцето на повеќето конфликти и прашања на Блискиот Исток, додавајќи дека сега е неопходно да се формира независна палестинска држава со Ерусалим како главен град.

Портпаролот на Хамас, да потсетиме, кажа дека не станува збор за прекин на огнот додека Израел ја ескалира војната. Хазем Касем од екстремистичкото палестинско движење во неделата изјави дека Израел започнува „агресија врз цивилите“ и дека не може да се зборува за примирје.

Рано е да се зборува за посредување бидејќи бојното поле одредува кој ја контролира ситуацијата“, изјави Хазем Касем за странските медиуми.

Израелските сили, да потсетиме, во моментов го гранатираат Појасот Газа и палестинската територија, додека Хамас ги напаѓа јужните и централните делови на Израел.

Бројот на загинати се зголемува од час во час.

Израел вели дека најмалку 350 луѓе се убиени, а повеќе од 1.600 се ранети од почетокот на нападот во саботата. Палестинските власти, пак, наведуваат дека загинале 232 Палестинци, а 1.700 се ранети.

ИзраелПалестинаРеџеп Таип ЕрдоганТурцијаХамас