Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денес во својата порака до народот и парламентот предложи да се прекинат воените дејствија во Украина и да се прогласи прекин на огнот.
„Мораме да застанеме сега, пред да започне вистинска ескалација. Ќе се обидам да ризикувам да предложам прекин на непријателствата, да прогласам примирје без право на движење, да ги прегрупирам трупите од двете страни, без право на пренос на оружје, муниција и воена опрема“, изјави претседателот на Белорусија, а објави руската државна агенција РИА Новости.
Според него, доколку Западот се обиде да го искористи примирјето за свои цели, Русија е должна да ја искористи целосната моќ на воено-индустрискиот комплекс и армијата за да спречи ескалација на конфликтот.
„На повидок е нуклеарна Трета светска војна, која може да се избегне само со преговори“, порача белорускиот претседател Александар Лукашенко во своето обраќање до народот и парламентот на 31. март.
Александар Лукашенко исто така додаде:
„Со напорите на Соединетите Американски Држави и нивните ‘сателити’, започна целосна војна во земја која е наш сосед. Војна ‘до последниот Украинец’. Крај на цитатот. Околу 500.000 луѓе од двете страни беа убиени и осакатени за една година како резултат на војната. Сега имаме милион бегалци. Како резултат на тоа, Третата светска војна со нуклеарни оружја сега се наѕира. Има едно прашање: Што можам да направам ? Има еден начин: преговори. Преговори без прелиминарни услови!“
Претседателот на Белорусија изјави дека ако Западот уште еднаш се обиде да ја искористи паузата во непријателствата за лажно да ги зајакне своите позиции, тогаш Русија ќе биде принудена да ја искористи целосната моќ на својот воено-индустриски комплекс и армија за да спречи ескалација на конфликтот.