Францускиот министер за внатрешни работи рече дека властите мора да бидат уште поостри против радикализираните луѓе во Франција.
Франција ја подигна безбедносната тревога на највисоко ниво , по смртта на наставникот кој беше избоден со нож во средно училиште , изјави денеска за „ТФ1“ францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманин .
Тој рече дека „без сомнение“ постои поврзаност помеѓу нападот со нож во Арас и ситуацијата на Блискиот Исток меѓу Израел и Хамас , објави BFM TV.
– Според нашите информации, за жал, постои поврзаност меѓу она што се случи на Блискиот Исток – објасни тој.
Францускиот министер за внатрешни работи, говорејќи за TF1, рече дека властите мора да бидат уште поостри кон радикализираните луѓе во Франција.
Медиумите претходно објавија дека напаѓачот, кој уби едно лице и рани неколку други во гимназијата во градот Арас, пред инцидентот извикувал „Алаху Акбар“ , но полицијата се уште не го потврдила тоа.
Како што соопштија од полицијата, напаѓачот е по потекло од Чеченија и бил во полициската евиденција.