ДРАМА ВО АВИОНОТ – Погледнете како полицијата брутално нападнала патник кој сакал само една работа, човекот врескал од болка: “Ве молам оставете ме со семејството!“ (видео)

На социјалните мрежи со голема бризна се прошири оваа видео-снимка на која се гледа како патник во авион е зашеметен и погоден од пиштол за шокирање пред другите патници и екипажот на летот.

Станува збор за патникот со име Болиќ Бет Малу (30 г.) во авион на компанијата Jet Star во Австралија. Патникот сакал да седне покрај сопругата и детето на летот од Перт до Мелбурн во саботата вечерта, но од него било побарано да се премести на неговото место од авионската карта.

Персоналот барал од него да седне на своето место, но тој одбил, по што настанала расправија. Откако расправијата ескалирала, пет полицајци го зашеметиле со пиштол за шокирање за да го уапсат поради нередот што го направил, изјавил тој за австралиските медиуми.

Се чувствував како животно. Пет полицајци вперија четири различни пиштоли одеднаш врз мене, човек кој не направил ништо лошо“, изјавил тој за тамошните медиуми.

Кога прашал што згрешил, му било кажано дека може доброволно да дојде со нив, или ќе го одведат на сила. На крајот останал погоден со пиштол за шокирање, врзани со лисици и уапсен, додека врескал од болка пред сите патници.

Останатите патници исто така кажале дека целата сцена била многу насилна: „Расправијата брзо ескалирала. Беше многу насилно. Дури и јас се исплашив“, изјавил еден патник за News.com.au.

Австралиската полиција соопшти дека го употребила пиштолот за шокирање откако ништо друго не им успеало и човекот станал физички и вербално агресивен. Посочуваат дека повредени се и тројца полицајци во целата ситуација. Меѓутоа, еден патник го снимил целиот инцидент, и вели дека немало агресија од страна на патникот кој бил нападнат од полицијата.

Авионот на крајот полетал без целото семејство на човекот. Тој моментално се наоѓа во Перт поради привремената зона на забранети летови и продолжува да тврди дека е невин.

авионАвстралијаинцидент