СТРАВ И ПАНИКА ВО АВСТРИЈА – Армијата излегува на улица: Властите итно го подигнаа нивото на закана од тероризам од ниво 3 на ниво 4

Медиумите јавуваат дека поради неодамнешната ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и терористичкиот напад во Брисел, Австрија го подигнува нивото на закана од тероризам од ниво 3 на ниво 4.

Тие истакнуваат дека тоа конкретно значи дека австриските безбедносни власти гледаат конкретна закана и зголемен ризик од напад во Австрија.

Како што соопшти денес на прес-конференција во Виена министерот за внатрешни работи од Народната партија (ОВП) Герхард Карнер, предупредувањето за закана од тероризам ќе биде подигнато на второто највисоко ниво или „портокалова фаза“.

Последен пат вакво зголемување на заканата од терор беше по терористичкиот напад во центарот на Виена на 2. ноември 2020 година, во кој загинаа четири лица, а повеќе од 20 беа ранети.

Герхард Карнер ја коментираше новонастанатата ситуација и подигнувањето на нивото на тревога за опасност од терористички напади во Австрија на прес-конференција заедно со министерката за одбрана Клаудија Танер (ОВП), првиот човек на австриската државна безбедност Омар Хаиџави-Пирчнер и воениот командант Курт Вагнер.

Најавено е дека полицијата во иднина уште повеќе ќе се потпира на силите на Австриската федерална Армија за нивните заштитни задачи.

Во излагањето на Курт Вагнер пред Советот на министри се предвидува дека во иднина треба да бидат распоредени дополнителни 90 или вкупно 190 војници на Федералната Армија за мерки за заштита на просторот и имотот, особено во Виена. Дополнителни, специјално обучени сили на Австриската федерална Армија треба првенствено да се користат за заштита на еврејските институции.

Заканувачкото сценарио никогаш не исчезна целосно. Свесен сум за големите грижи и стравови на еврејската заедница низ Австрија. Мора да бидеме повнимателни генерално. Драматичниот настан во Белгија покажа дека мораме да бидеме крајно внимателни“, вели Герхард Карнер за тамошните медиуми. 

Како што истакнаа сите говорници, во цела Европа постои зголемена опасност од исламистички тероризам.

АвстријаАрмијабезбедностВиенатероризам