Неколку згради во Бангкок беа евакуирани денеска, по извештаите за „пукнатини“ и вибрации во зградите. Евакуацијата дојде три дена по разорните земјотреси што го погодија Мјанмар .
Итна евакуација започна околу 10 часот по локално време, а меѓу евакуираните згради се и комплексот на тајландската влада, како и зградата на Министерството за труд и неколку судови.
За потсетување, во петокот соседен Мјанмар беше погоден од два разорни земјотреси, со јачина од 7,7 и 6,4 степени според Рихтеровата скала. Во земјотресот загинаа повеќе од 1.600 луѓе, од кои најмалку осум во Бангкок. Имено, земјотресот предизвика голема материјална штета и во Тајланд, а во главниот град се урна облакодер во изградба додека работниците беа на градилиштето.