ДРАМА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – Озлогласен член на ИСИС уапсен на аеродромот во Сараево !?

Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина, заедно со полициските службеници на Граничната полиција на БиХ денес уапсија едно лице на меѓународниот аеродром во Сараево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичните дела „Организирање терористичка група“, „Незаконско формирање и приклучување кон странски паравоени или параполициски организации“ во врска со кривичното дело „тероризам“ пропишано со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, пренесува весникот Dnevni Avaz.

Станува збор за Аднан Ќатиќ Ада, кој бил член на терористичката организација ИСИС. Тој од Сирија преминал во Турција, а од Турција во Сараево, каде што бил уапсен на аеродромот.

Босанските медиуми претходно напишаа дека Аднан Ќатиќ Ада заминал за Сирија на 1. јули 2013 година со лет од Сараево за Истанбул, со Јасмин Јашаревиќ и Муниб Ахметспахиќ во авионот. Аднан Ќатиќ Ада се оженил со Адна Балихоџиќ според шеријатот.

Инаку, тој е роден во Зеница, а до 2012 година живеел во Горња Маоча.

Како што соопшти СИПА, лицето лишено од слобода е приведено во просториите на СИПА, на кривична постапка и распит, по што во законскиот рок предвиден за обвинителството ќе биде предаден во надлежност на Обвинителството на БиХ.

Споменатите активности биле спроведени во соработка со Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина, пренесуваат медиумите.

Босна и ХерцеговинакриминалСараево