Драма во Будва, се застрелал кога полицијата тргнала кон него, медиумите пренесоа дека бил кум на на нарко босот Дарко Шариќ!?

„Кон него не е насочено полициско дејствие, туку преземено е дејствие по пријава дека лицето се заканувало со самоубиство“, велат од полицијата.

Б.С., за кого некои медиуми објавија дека е кум на Дарко Шариќ , што се покажа дека не е точно, си пукал во глава во хотел во Будва, соопшти полициската управа.

Б.С веднаш бил пренесен во болницата во Котор.

Вијести“ објавија дека мажот во полициските досиеја е евидентиран како лице од оперативен интерес.

Од УП соопштија дека полицијата излегла на местото на настанот по пријава на граѓанин и дека човекот си пукал во главата кога пристигнале.

Претходно во полиција беше пријавено дека некој се заканува со самоубиство.

Од црногорската полиција за порталот РТЦГ велат дека лицето Б.С употребил огнено оружје, но нема информации дека починал. Наведоа и дека полицијата веднаш по пријавата го известила надлежното државно обвинителство.

„Во дежурната служба било пријавено дека едно лице во хотел во Будва викало и се заканувало дека ќе изврши самоубиство. На местото на настанот била испратена полиција која не презела службени дејствија против ова лице, наместо тоа се обидело да се самоубие со огнено оружје пукајќи си во глава. Според последните информации, тој сè уште бил жив, полициска акција не била насочена кон него, но постапила по пријавата дека лицето се заканувало со самоубиство.