ДРАМА ВО ВАШИНГТОН: Блокиран штаб на републиканците, пронајдени шишиња со крв!

Седиштето на републиканците во Вашингтон е под целосна блокада, јавуваат светските медиуми.

Според „Дејли мејл“, некој наводно испратил „шишиња со крв“ во просториите на Републиканската партија. Единици за хемиски одела се на лице место.

Полицијата на Капитол соопшти дека истражува „сомнителна супстанца“ која наводно била пронајдена.

Капитолската полиција издаде и предупредување.

– Членовите на кабинетот и останатиот персонал да ја избегнуваат областа до понатамошно известување – стои во известувањето.