ДРАМА ВО ВОЗ Момент на невнимание од страна на млада мајка се претвори во кошмар за секој родител

На приградската линија помеѓу Битерфелд и Хале во Германија се случил инцидент кој за среќа завршил без последици.

Сè започна кога младата мајка сфати дека не го откажала билетот, а за да избегне евентуална казна, реши да слезе на првата станица, а подоцна да го валидира.

Таа не беше доволно брза

Сепак, таа не беше доволно брза, возачот ја затвори вратата и продолжи да вози, додека нејзината четиригодишна ќерка остана во купето !

Возот патувал 16 минути до следната станица, што сигурно на мајката ѝ се чинело како цела вечност. За среќа, кондуктерот го забележал детето и ја известил полицијата, пренесува Билд .

Полициско предупредување

Полицајците чекале и го земале девојчето од станицата во Хале, а мајката била известена да ја земе од полициската станица.

Некое време подоцна, таа го стори тоа, а претходно доби и предупредување.