Рускиот сателит RESURS-P1 се распадна на повеќе од 100 парчиња во орбитата, принудувајќи ги астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ISS) да бараат засолниште, соопшти денеска американската вселенска агенција.
Засега нема детали што го предизвикало распаѓањето на рускиот сателит за набљудување на Земјата, објави Ројтерс.
Канцеларијата на вселенската станица на НАСА соопшти дека инцидентот се случил во орбитата во близина на Меѓународната вселенска станица, поради што американските астронаути се засолниле во своето вселенско летало околу еден час.
„Американските радари открија минатата ноќ и рано утринава дека сателитот емитува облак од отпад во ниска орбита“, соопшти компанијата за вселенско следење LeoLabs.