Обилните врнежи во Германија денеска предизвикаа поплави во Баварија , а продолжениот дожд доведе до пукање на браната и насипот во Аугсбург.
Селата во и околу Меммингем се под вода, а евакуиран е и затворот во тој град.
Околу 150 затвореници се распоредени меѓу затворите во Ландсберг, Кемптен и Аугсбург.
Тие се евакуирани поради опасност од поплавување на затворот и прекин на снабдувањето со електрична енергија.
На теренот има стотици припадници на итната помош, пожарникари и волонтери , пренесува Билд.
Во Кисинг, село веднаш до Аугсбург, за половина час врнеше толку многу што улицата низ која со автомобил минуваше интервјуираната , таа повеќе не можеше да се вози назад бидејќи беше поплавена.
„Пожарникарите се на терен. Ова е навистина страшно, не престанува да врне од средата . Не знаеме ни кога ќе падне“, вели Јована М, Србинка која живее во Германија.
Баварскиот премиер Маркус Зедер пристигна во поплавеното подрачје во областа Аугсбург.