Драма во животот на грманскиот фудбалер! Неговите родители му признаа: Ние не сме твои биолошки родители, ти си син на таксист…

Во фудбалска Европа често се сомневаат дека некои играчи од Африка си ги лажираат годините.

И додека нема докази за огромното мнозинство, ова не е случај за Јусуф Мукоко.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд кој моментално игра како позајмен во Ница дозна шокантна вест за својот живот. Тој не е ниту дете на биолошки родители, ниту е роден во годината запишана на неговата лична карта.

Оваа вест Камерунецот ја дозна на болен начин, бидејќи Џозеф Мукоко призна дека младиот фудбалер не е негов син.

„Свесен за криминалитетот на лажното објавување под заклетва, изјавувам: Јусуфа Мукоко не е мој биолошки син или син на мојата сопруга Марија Мукоко. Ниту е роден на 20 ноември 2004 година во Јаунде, Камерун“.

Џозеф Мукоко објасни дека манипулирал со официјални документи за да ја промени возраста на Јусуф. Успеал да извади лажен извод од матична книга на родените и договорил пасош.

„Тој всушност е роден на 19 јуни 2000 година. Го направивме помлад за четири години. Сега е наведено како да е роден на 20 ноември 2004 година.

Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа би значело дека Јусуф играл во помлади селекции значително повозрасен од соиграчите. Меѓу другото, со Германија беше шампион на Европа до 21 година.

Се сомнева дека фудбалерот е роден Јусуф Мохамаду во 2000 година и е син на Усман Мохамаду, локален таксист.