Драма во затворот во Скопје! На еден од осомничените за убиството на Вања му се слоши

Еден од тројцата уапсени и осомничени за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побарал да биде прегледан од лекар жалејќи се дека не му е добро.

Станува збор за Велибор Манев, кој раскажа што им било направено на Вања и Панче пред да бидат убиени.

Тој побарал да биде однесен на лекар, наведувајќи дека има здравствени проблеми.

Филип Андов, директор на затворот посочува дека имало поплаки, но дека сè е во ред.

– Состојбата е проверена, лицето е во добра општа здравствена состојба – вели Андов.

Манев вчера беше приведен од полициска станица во Кривичниот суд. Таму му е одреден притвор од 48 часа, кој го издржува во затворот во Шутка.

Кога Манев влезе во судот, на прашање на од новинарите дали извршил убиство, одговорл со: „не“. 

Но, тој пред истражните органи го признал делото што го сторил заедно со групата предводена од Љупчо Палески Палчо.