Животот на малолетно момче (16) е во опасност откако синоќа негов пријател испукал истрел од пушка шмајсер во куќа во населбата Долача кај Зеница.
Според дежурниот службеник во Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи (МВП) на Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК), инцидентот се случил во отсуство на родителите на 16-годишното момче.
-Според првите информации, синот на сопственикот на куќата, малолетно момче, додека си играл со пушка, која наводно ја пронашол претходно во текот на денот, случајно испукал еден истрел во ѕидот, кој рикошетирал и го удрил пријателот во грбот – рекоа од полицијата.
Повредениот 16-годишник со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Кантоналната болница Зеница за укажување лекарска помош, но поради тешката здравствена состојба итно бил пренесен во Сараево.
– Се здобил со тешки телесни повреди опасни по живот, поради што е пренесен во Медицинскиот центар Сараево – изјавија оттаму.
Оттаму додаваат дека со истражни дејствија ќе се расветлат сите околности на овој несекојдневен инцидент.
Имено, куршумот го погодил момчето во ‘рбетот, а тој од повредата изгубил многу крв. Тој веќе доживеал шок на ургентното одделение на болницата во Зеница, а претходно не ги чувствувал нозете, поради што итно бил префрлен во Сараево, пишува Телеграф .