Метеоролошката агенција на Исланд денеска соопшти дека под земја во близина на Рејкјавик започнала ерупција на вулканска магма, но дека моментално ја нема на површината.
„ Засега, магмата не стигнала до површината, но веројатно ќе има ерупција “, се вели во соопштението.
Покрај подземната ерупција на магма , областа е погодена и од повеќе од 100 мали земјотреси.
Локалната полиција објави дека е евакуирана блиската луксузна бања Blue Lagoon , како и рибарскиот град Гриндавик , каде има околу 40 куќи, пренесува АП.
Метеоролошката агенција соопшти дека волуменот на магмата под вулканот Сварценги е на највисоко ниво од серијата ерупции во декември 2023 година.
„Акумулацијата на магмата продолжува, но стапката на искачување е забавена во последните недели“, велат од агенцијата.
Сеизмичката активност постепено се зголемува во последните недели, што покажува дека притисокот на местото на ерупцијата се зголемува, се наведува на веб-страницата на агенцијата.
Исланд , познат како „земја на мразот и огнот“ поради бројните глечери и вулкани, се соочи со 10 ерупции јужно од Рејкјавик од 2021 година, а ова би можело да стане 11-та ерупција во областа.
Засега нема значително ширење на пепел во стратосферата , поради што воздушниот сообраќај не е во прекин.