Пожар избувна на Техничкиот факултет во Истанбул (ITU), јавуваат турските медиуми.
Според извештаите, пожарот избувнал во контејнер каде што работниците престојувале на градилиштето на кампусот Маслак на Техничкиот универзитет во Истанбул .
Откако работниците го забележале пожарот и ги известиле надлежните, на местото на настанот пристигнале голем број пожарникари и медицинска екипа.
На социјалните мрежи се појавија снимки од пожарот, а наводно во околината е видлив чад.
Пожарникарите успеале да го стават пожарот под контрола.
Надлежните соопштија дека пожарот избувнал околу 8 часот по локално време и дека во инцидентот нема повредени.