Драма во Париз! Железницата гори на само неколку часа пред отворањето на Олимписките игри! Сообраќајот запрен, луѓето во страв

Три пожари избувнаа денеска во близина на железничките пруги во Париз и сериозно го прекинаа железничкиот сообраќај само неколку часа пред свеченото отворање на Олимписките игри, пренесува Фигаро.

„ Пожарот ги оштети инсталациите, а нашите тимови веќе се на лице место за да извршат проценка и да започнат со поправки“, соопшти железничката компанија СНЦФ, додавајќи дека станува збор за „масовен напад чија цел е парализирање на железничката мрежа “.

Се наведува дека голем број брзи возови поради пожарот ќе бидат пренасочени на „конвенционални линии“, а сообраќајот се очекува да биде нормализиран дури во понеделник.

„ Координираните злонамерни дејствија беа насочени кон неколку линии на TGV минатата ноќ и сериозно ќе го нарушат сообраќајот овој викенд “, рече францускиот министер за транспорт Патрис Вержиет, додека министерката за спорт Амели Удеа-Кастера ги осуди „актите на саботажа“ и додаде дека „ кој игра против Олимпијадата Игри, игра против Франција и нејзиниот олимписки тим .

Вечерва од 19:30 часот во Париз ќе бидат отворени 33. Олимписки игри, каде за првпат ќе се одржи свеченото отворање на отворено, со рекорден број од 45.000 полицајци кои ќе се грижат за безбедноста на учесниците.