Елиминацијата од Баерн и уште една неуспешна сезона во Лигата на шампионите ја отвори Пандорината кутија во Пари Сен Жермен.
Речиси секој ден, валканите алишта излегуваат на виделина од соблекувалната. Колку незадоволство владее во тимот покажува информацијата која се појави, дека Лионел Меси доброволно го напуштил тренингот во четвртокот.
Француските медиуми како причина за овој потег го наведуваат незадоволството од работата на тренерот Кристоф Галтие.
„Лео Меси го напушти тренингот во четвртокот бидејќи беше незадоволен од тоа што го понуди Кристоф Галтие. Тренерот на ПСЖ се обиде да го убеди да не го прави тоа, но Меси си замина дома“, пренесуваат француските медиуми.