Според Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, и поранешен косовски премиер, земјите инвестираат децении во создавање пријателства и сојузи, додека во случајот со Косово Курти се обидува да ги уништи.
По санкциите на САД кон Приштина, претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај оцени дека Аљбин Курти и Вјоса Османи за неполни три години на власт не постигнале ниту еден успех без да го „превртат наопаку” и дека за толку кратко време го вратиле Косово 10 години наназад.
– Исклучувањето на Косово од вежбата на НАТО – Бранител на Европа 2023 е аларм за нашата национална безбедност. Мора да си многу кусоглед за да бидеш непријателски настроен кон целиот демократски свет во ова деликатно време – напиша Харадинај на Фејсбук.
Според него, земјите инвестираат децении во создавање пријателства и сојузи, додека во случајот со Косово Курти се обидува да ги уништи.
Имаше и други во нашата историја кои сакаа да ги уништат овие сојузи, но Косово беше поголемо од нив и триумфираше. Нема друга алтернатива освен да триумфира и овој пат. Народот на Косово, кој е најпрозападниот народ на континентот, ќе знае како да ги заштити своите пријатели и нивната ориентација. Албин Курти не може да ја смени ориентацијата на Косово и неговиот народ – изјави Харадинај.
Тој го повика Курти да поднесе оставка.
Има само една шанса, еднаш во животот да направи нешто добро за Косово! Денеска поднесете оставка – рече Харадинај.