Рускиот транспортен авион „Антонов“ Ан-24 се излизгал од пистата за време на полетувањето, но никој од патниците или екипажот не е повреден, соопштија руските власти. Инцидентот се случил на авионската писта Нелкан во областа Ања-Мајски во областа Хабаровск.
Авионот Ан-24 требаше да лета на релација Нелкан – Николаевск на Амур – Хабаровск. За инцидентот е започната прелиминарна истрага. Росавијациа објасни дека авионот паднал во грмушките.
Во авионот имало 24 лица, од кои четворица членови на екипажот и 20 патници. Тие ќе го продолжат своето патување на следниот лет закажан за 26 јануари. Авионот сега е приземјен и се проценува неговата техничка состојба,
пренесе руски Интерфакс.