Кремљ доцна синоќа мораше итно и извонредно да ја демантира веста дека претседателот на Русија, Владимир Путин, починал во неговата резиденција во Валдај северно од Москва.
Веста за неговата смрт ја објави популарниот профил на социјалната мрежа Телеграм – General SVR, кој долго време тврдеше дека рускиот претседател боледувал од рак и дека е неизлечиво болен. Профилот, исто така, наведе дека во Русија бил во тек „државен удар“ бидејќи придружбата на Владимир Путин се обидувала да го претстави неговиот двојник како вистински претседател.
Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави за РИА Новости дека веста е апсурдна информативна лага. Претходно оваа недела, тој жестоко негираше дека Владимир Путин доживеал срцев удар минатиот викенд и порача дека извештаите дека рускиот претседател користел двојно тело односно двојник се лажни.
Една од теориите е дека профилот General SVR е финансиран од луѓе кои некогаш биле блиски со Владимир Путин и дека лажниот извештај е доказ за интензивна борба за моќ во Русија. Постојат тврдења дека воено-разузнавачката служба ГРУ би можела да биде вклучена во сè.
„Внимание! Во моментов има обид за државен удар во Русија! Претседателот на Русија, Владимир Путин, почина вечерва во својата резиденција во Валдај. Во 20:42 часот по московско време, докторите ја прекинаа реанимацијата и констатираа смрт. Сега доктори се блокирани во собата со трупот на Владимир Путин, тие се задржани од претседателската служба за безбедност по лична наредба на Дмитриј Кочнев (директор на Федералната Гарда), кој е на телефон и добива упатства од претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев. Безбедноста на претседателскиот двојник е зголемена. Активните преговори се во тек. Секој обид да се лажира двојникот како претседател по смртта на Владимир Путин е државен удар“, тврди профилот General SVR, кој наводно е предводен од поранешен генерал-полковник на Кремљ.
72-годишниот Николај Патрушев е претседател на моќниот руски Совет за безбедност и главен советник на Владимир Путин за разузнавање. Профилот на социјалната мрежа Телеграм тврдеше дека е во најдобра позиција да го наследи претседателот, но можеби ќе сака власт за неговиот син, министерот за земјоделство, Дмитриј Патрушев (46 г.).
Профилот со месеци тврдеше дека Владимир Путин е болен и дека бил заменет со двојници обучени од безбедносните служби кои направиле пластична операција за да личат на претседателот. Истата теорија ја застапува Валери Соловеј, поранешен професор на престижниот московски Институт за меѓународни односи (МГИМО), академија за обука на шпиони и дипломати.
„Факт е дека актуелниот претседател Владимир Путин ги живее последните денови од својот земен живот“, изјави тој неодамна.
Првиот човек на воената разузнавачка служба на Украина, генерал-полковник Кирило Буданов тврди дека никој не го видел вистинскиот Владимир Путин од јуни 2022 година.
„Оној што сите го знаеја последен пат е виден околу 26. јуни 2022 година“, изјави тој минатиот месец.
Неодамна, една јапонска телевизија користеше вештачка интелигенција за да го анализира лицето, одењето и гласот на Владимир Путин во повеќе појавувања и заклучи дека тој навистина користи еден или евентуално двајца двојници.
„Можам да ви кажам дека нема дупликати кога станува збор за работа и слично“, изјави портпаролот Димитриј Песков претходно оваа недела.
Поточно за проблемите со срцето, Димитриј Песков изјави:
„Добро е – ова не е ништо повеќе од уште една лага“ и додаде: „Овие типови приказни спаѓаат во категоријата лажни вести, за кои многу медиуми разговараат со завидна упорност. Ова предизвикува само смеа во Кремљ“.
Во април, Димитриј Песков призна дека имало многу извештаи за двојници на Владимир Путин, но инсистираше на тоа дека претседателот е мега-активен.
„Можеби сте слушнале дека Владимир Путин има неколку двојници, кои работат за него додека тој седи во бункер“, кажа тој и додаде: „Ова е уште една лага. Ова е уште една голема лага. Го гледате нашиот претседател. Тој е како што беше – мега активен“.