Голема драма се одвива во Франција. Фудбалерот на Ница, Алексис Бека Бека (22 г.) се искачил на „Вијадуктот Манјан“, 100 метри над земјата и се заканува дека ќе се самоубие!
Како што пренесуваат медиумите, Алексис Бека Бека уништен од раскинувањето со девојката се одлучил на овој очаен чин. Фудбалерот од средниот ред на Ница возел по автопатот А8 до мостот, а потоа само седнал на работ.
Полицијата, итната помош и психолозите брзо излегле на терен и успеале да го спречат од скокот. Сè траело околу еден час и успеале да го убедат Алексис Бека Бека да се оддалечи од работ и на тој начин да спречат трагичен исход. Веднаш бил префрлен во болница, а неговиот клуб се уште не се изјаснил за тоа.
Алексис Бека Бека е по потекло од Конго. Играше за сите помлади селекции на Франција, дури беше дел од тимот што учествуваше на Олимписките игри. Пред Ница играше за Каен и Локомотив Москва.