Драма во Франција, убиени полицајци: Нападнато комбе во кое превезувале затвореник, најмалку двајца мртви (ВИДЕО)

Најмалку двајца француски полицајци загинаа денеска, а тројца се ранети при напад на комбе кое превезувало затвореник.

Неименуван полициски извор за AFP изјавил дека затвореникот избегал.

Се вели дека нападот се случил утрово на наплатна рампа во Инкарви во департманот Еур во северна Франција.

Затвореникот требало да биде префрлен од градот Руан во Евро во Нормандија.