Градскиот совет на Тоџоака во Јапонија денес донесе уредба со која им се препорачува на сите жители да ја ограничат употребата на паметни телефони, конзоли за видео игри и други дигитални уреди на два часа дневно надвор од работа и училиште.
Регулативата стапува на сила на 1 октомври и нема да има казни, објави „Кјодо“. Одлуката за ограничување е донесена поради страв од прекумерна изложеност на технологијата. Во декретот се наведува дека е разбирливо што паметните телефони , таблетите и другите дигитални уреди се неопходни.
Сепак, се предупредува дека прекумерната употреба може да има негативни ефекти, вклучувајќи лишување од сон и намалена интеракција со семејството. Како што е наведено, на децата кои одат во основно училиште им се препорачува да се воздржат од користење паметни телефони по 21 часот, а на постарите ученици по 22 часот.
– За физичкиот и менталниот развој на сите деца под 18 години, потребно е доволно спиење – се нагласува во декретот. Градоначалникот на Тожоаке, Масафуми Коуки, изјави дека градот поставил временски ограничувања за користење на паметни телефони со декрет врз основа на упатствата за здрав сон.
Министерството за здравство, труд и социјална заштита, утврдувајќи го просечното време на користење во текот на работната недела на два часа и заклучувајќи дека надминувањето на овој број може да доведе до лишување од сон.