Бруно Фернандес и Диого Далот во понеделникот биле на летот од Манчестер за Лисабон, требало да се сретнат со репрезентацијата, а во авионот се случил инцидент кој еден од патниците ќе го памети засекогаш.
Во задниот дел на авионот патник се онесвестил, а Бруно Фернандеш веднаш забележал и повикал помош.
„ Извинете! Ни треба помош, ни треба помош! “ извикал Бруно.
„Бруно отиде до задниот дел од авионот за време на летот. Слушнавме како повикува на помош, сите погледнавме назад за да видиме што се случува“, рече Сузан Лосон, една од патниците.
„Членовите на екипажот побрзаа да помогнат. Бруно помогна да се смести господинот на празното седиште. Тој остана таму цело време за да се увери дека сè е во ред. Интервенцијата беше околу 5-10 минути”, рече таа.