Драма на аеродромот во Њујорк: Има повредени, евакуирани речиси 1.000 луѓе

Најмалку девет лица се повредени кога се запалиле ескалаторите на аеродромот ЏФК во Њујорк, јавуваат светските медиуми.

Како што пренесува „Еј-би-си њуз“, најмалку 960 патници биле евакуирани поради пожарот, кој во меѓувреме е саниран.

Еден од патниците објасни што се случило.

“Се качував на летот токму на терминалот каде што избувна пожарот. Алармот се огласи долго време, а никој не обрнуваше внимание”, рекол еден од патниците.

Откако бил саниран пожарот, терминалот се отворил.