Летовите на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ се прекинати поради закана за бомба.
Патниците се евакуирани, додека на социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа евакуација на патниците од авионот што требаше да полета.
Како што може да се слушне на видеото, кабинскиот екипаж ги предупреди луѓето да го остават багажот и да продолжат со евакуација.
По слегувањето од авионите преку тобоган, луѓето истрчаа на пистата на аеродромот во темница, а видеата од социјалните мрежи покажаа дека некои авиони се испразнети од патници.
Црногорската компанија „Ер Монтенегро“ соопшти дека во нивниот авион има бомба.
Според неофицијални информации, бомбата била пријавена и на неколку други летови кои морале да заминат во текот на вечерта.
Аеродромот „Никола Тесла“ за N1 потврди дека сообраќајот е во прекин и дека не се знае кога ќе продолжат летовите.
Wizz je na LYBE ispucao i slajdove. Izvršena je i evakuacija, stvarno ne znam zbog čega je to bilo neophodno. https://t.co/wACHO29swe pic.twitter.com/V36KIGZaKN
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) February 29, 2024
— NoNo (@pueraeternus11) February 29, 2024