ДРАМА НА ЛЕТ ЗА ГЕРМАНИЈА – Патник додека умирал му течело крв од носто и устата, патниците врескале, а персоналот му дал чај од камилица !?

Германски државјанин загинал вчера во авион на лет од Бангкок за Германија.

Во еден момент му се слошило и почнал да кашла крв пред својата сопруга, а потоа се онесвестил и починал.

Ужасот во авионот го гледале и други патници кои од страв почнале да врескаат.

Подоцна е објавено дека 63-годишниот Германец се качил на летот во лоша состојба и дека неговата состојба нагло се влошила за време на летот.

Беше тотален ужас, сите врескаа“, рекол еден од патниците на летот за локалните медиуми.

Германскиот државјанин патувал со сопругата, а при качувањето бил облеан во пот и забрзано дишел.

Кога ја виделе неговата состојба, луѓето притрчале да му помогнат, а потоа му понудиле чај.

Кога полетал авионот, уште повеќе му се слошило. Во еден момент ја отворил чантата, а потоа почнала да му тече крв од носот и устата.

Почнал да кашла крв, па на седиштата и ѕидовите на авионот биле видливи црвени дамки.

По качувањето, неговата сопруга му рекла на екипажот дека на нејзиниот сопруг му се слошило бидејќи морале да трчаат за да го фатат летот, а потоа рекла дека и треба итно доктор.

Пилотот потоа преку разглас прашал дали има доктор на летот бидејќи на еден од пациентите му се слошило.

Потоа се јавил доктор од Полска кој не го познавал добро англискиот јазик. Му го измерил пулсот и потоа рекол дека изгледа добро.

Тогаш му дадоа чај од камилица, но тој веќе плукаше крв во вреќата што му ја даде сопругата. Во еден момент крвта почна да тече од носот и устата. Персоналот се обидуваше да го реанимира околу половина час, но на сите им беше јасно дека не може да се спаси“, изјавил еден од патниците.

Пилотот потоа решил да го сврти авионот и да се врати во Бангкок.

авионБангкокГерманијасмрт