11-годишно девојче починало откако во неделата му се слошило за време на летот на Turkish Airlines од Истанбул до Њујорк. Иако на летот имало доктор, а авионот итно слетал во Будимпешта, каде чекала екипа на итната помош, за малото девојче немало помош.
Портпаролот на аеродромот во Будимпешта изјавил дека член на медицинскиот персонал се обидел да го реанимира детето.
„И покрај брзата и професионална интервенција, за жал, не успеавме да и го спасиме животот“, соопштиле оттаму.
Роднините на девојчето излегле од авионот во Будимпешта, додека летот ја продолжил планираната рута неколку часа подоцна. Тој слета во Њујорк по четири и пол часа задоцнување, објави авиокомпанијата.
Сè уште не е познато чија националност е детето, а Turkish Airlines соопшти дека не може да даде информации поради законите за приватност. Исто така, ниту од аеродромот во Будимпешта не сакале да го откријат идентитетот на детето.
„Изразуваме искрено сочувство до семејството и ја споделуваме нивната болка“, соопштиле накратко од Turkish Airlines.