Четириесет и деветгодишен жител на српскиот град Чачак одбил алкотест и физички нападнал полицаец кој го сопрел при сообраќајна контрола, соопшти денеска полицијата.
Оттаму додаваат дека нападнатиот полицаец се здобил со полесни повреди, а човекот кој го нападнал е приведен поради попречување на службеник во извршувањето на работните задачи.
Осомничениот со пријавата ќе биде изведен пред судија, соопштија од ПС Чачак.