Луксузна јахта долга речиси 30 метри беше зафатена од пламен и потона во близина на медитеранскиот остров Форментера.
Медиумите јавуваат дека на јахтата имало пет членови на екипажот и 12 патници кои успеале навреме да ја напуштат јахтата и покрај неверојатната брзина со која горела. Само еден од членовите на екипажот барал болничко лекување поради полесни изгореници.
Алармот се вклучил вчера околу 18 часот додека јахтата, чија изнајмување во текот на летото чини речиси 55.000 евра, била закотвена.
Се претпоставува дека јахтата е во сопственост на професионалниот шпански покер играч Диего Гомес Гонзалес познат и како Лео.