Драма! Нова афера за мито во ,,Ѕвездите на Гранд”: Пејачот негира дека бил вмешан во скандалот – Знаеме која е нашата задача

Во медиумите се појави информација дека Ѓорѓе Давид изнудувал пари од натпреварувачите на „Ѕвездите на Гранд“, поради што веднаш се огласи и ги отфрли сите наводи.

Ѓорѓе Давид отворено зборуваше за земањето мито од натпреварувачи во „Ѕвездите на Гранд“.

– Имаме нова ,,манџа” која беше зготвена пред некој ден, но нема да именувам од кого излезе сето тоа. Ме обвинуваат дека сум земал пари од родителите на натпреварувачите и дека сум флертувал со девојките кои се натпреваруваа – тоа не ми паѓало ни на крај памет! Сè е лесно за проверка, па сите знаеме кои се момците и девојките кои поминале низ натпреварот, па еве проверете ги и нив и нивните родители. Мислите дека Поповиќ би чувал будала која прави вакви работи зад сцената? – изјави Ѓорѓе Давид.

На прашањето кој е мотивот за ваквата клевета, Ѓорѓе само кратко рече:

– Мислам дека ова натпреварување ќе трае долго и тоа треба да го разберат, бидејќи што и да кажат „Ѕвездите на Гранд“ си го задржуваат својот печат. Поповиќ е главниот мозок во целата приказна и без промашување го води циркусот, а ние како животни во циркусот точно знаеме која е нашата задача – истакна пејачот.

Да потсетиме, неодамна како бомба одекна веста дека Снежана Ѓуришиќ прима мито од учесниците, што пејачката веднаш ја демантираше.