Граѓанин на Босна и Херцеговина (38 г.) е ослободен откако ја нападнал сопругата и друг случаен минувач, а причината за овој немил настан била дрога, односно тој бил под дејство на канабис, поради што, како што вели, не се сеќава на ништо, пишуваат тамошните медиуми. Судот наместо казна наредил дека тој мора да оди на болничко лекување од зависност.
Имено, се се случило во швајцарскиот кварт Васерамт, во февруари 2021 година, кога државјанин на БиХ се вратил од работа. Според медиумите, тој минувал мирна вечер со сопругата, а потоа решил да испуши два џоинта. После тоа, според неговото лично признание, изгубил контрола над себе и тешко се сеќава што всушност се случило вечерта.
Медиумите пишуваат дека тој одеднаш грабнал кујнски нож и ја избодел сопругата, но таа успеала да побегне од станот. Случаен минувач дошол пред станот и се обидел да и помогне на жената, а напаѓачот го ранил и него со нож.
Неговиот адвокат за време на судењето кажал дека по два испушени џоинта едноставно веќе не бил во здрав ум и не постапил со умисла, ниту пак имал мотив за нападот.
Наводно, живееле во добар брак и заедно воделе бизнис. За време на судењето, вештото лице го кажа своето мислење дека употребата на канабис може да предизвика таква ненадејна промена во однесувањето.
Покрај тоа што му е наредено лекување, во заклучокот на судската одлука стои дека не било можно да се утврди намерата нападот на жената.