Акумулацијата на масни наслаги може да доведе до коронарна срцева болест, срцев удар и мозочен удар – но постои едно вообичаено овошје кое може да помогне да се одржи нивото на холестерол под контрола.
Таканаречениот „добар холестерол“ му помага на нашето тело да функционира правилно, но прекумерното ниво на „лош холестерол“ и други супстанции може да доведе до формирање на наслаги во артериите, зголемувајќи го ризикот од коронарна болест, срцев удар и мозочен удар.
Нездравата исхрана може да доведе до создавање на овој бескорисен тип на маснотии во крвта во нашето тело.
Холестеролот се произведува во црниот дроб и може да влезе во крвотокот и после јадење храна богата со заситени масти, како јагнешко, свинско, говедско и живина со кожа.
Овој вид на маснотии се наоѓа и во полномасното млеко, како и во млечните производи добиени од него, како што се путерот, сирењето и сладоледот. Заситените масти се наоѓаат дури и во палминото и кокосовото масло.
Која храна може да го намали холестеролот?
Постојат одредени овошја кои треба да ги јадеме секој ден. Тоа е јаболко.
„Јаболката се овошје густо со хранливи материи кое содржи десет проценти од вашата дневна доза на витамин Ц, заедно со бакар, витамин К и витамин Е. Едно јаболко дневно е одлична навика за здравјето на срцето бидејќи не само што пектинот (еден вид на растворливи влакна) помагаат во намалување на холестеролот, полифенолите во овошјето се поврзани со понизок крвен притисок и намален ризик од мозочен удар“, објасни нутриционистот Ели Бречер.
Ова беше потврдено и од истражувањето објавено во четиригодишна студија објавена во американскиот весник за клиничка исхрана. Студијата покажа дека консумирањето две јаболка дневно може значително да го намали нивото на холестерол.
Беше спроведено истражување на 40 испитаници кои јаделе по неколку јаболка секој ден во текот на два месеци, а резултатот покажал дека тоа им помогнало да го намалат нивото на холестерол.
Истражувачите исто така откриле дека луѓето имаат поздрави, порелаксирани крвни садови откако секојдневно консумирале јаболка, што резултирало со сличен ефект како и другите намирници кои содржат природни соединенија наречени полифеноли, како црвено вино и чај.