Студените денови се тука и време е да најдете начин да се стоплите.
Ако сакате слатки и топли пијалоци, вино и овошје, тогаш ова ќе биде вистинско уживање за вас.
Подготовката нема да одземе многу време, а уживањето е загарантирано.
Топлите пијалоци се нешто што се препорачува кога ќе започне сезоната на вируси и настинки. Подгответе добро варено вино еднаш неделно и на добар пат сте да ја спречите борбата со течење на носот, кашлицата, болките во грлото.
Еве како се подготвува
Состојки:
5 dl полусуво црвено вино
2,5 dl вода
3 лажици шеќер
1/2 лажичка каранфилче
малку цимет
неколку парчиња портокал
Подготовка:
Растопете две лажици шеќер на тивок оган. Кога ќе порумени, прелијте го со вода, зголемете ја температурата на шпоретот и оставете ја водата да зоврие.
Потоа додадете уште една лажица шеќер, добро промешајте да се соедини сè и додадете вино. Кога ќе почне да пени, тргнете го тенџерето во кое го готвите од шпоретот, бидејќи напивката не треба да ви врие.
Додадете цимет и каранфилче, добро измешајте и истурете во густа чаша со рачка.
Вареното вино се пие врело, а вкусот можете да го збогатите со додавање на парче портокал.