Дресот на Коби Брајант продаден на аукција за седум милиони долари

Дресот што го носеше кошаркарот Коби Брајант на натпреварите на Лос Анџелес Лејкерс беше продаден за седум милиони долари на аукција во „Сотбис“ во Њујорк, објави денес аукциската куќа.

Брајант го носеше дресот за време на својата прва сезона со овој тим во сезоната 1996-97.

Ова е четвртиот најскап дрес продаден на аукција, по оној што го носеше бејзбол играчот Бејб Рут, кој беше продаден за 24 милиони, додека дресот на Мајкл Џордан од финалето на НБА достигна цена од 10 милиони долари, а дресот на Диего Марадона од финалето на Светското првенство во 1986 година беше продаден за 9,3 милиони долари.

Ова е воедно и највисоката цена постигната од кој било личен предмет на Коби Брајант.

Брајант почина во 2020 година на 41-годишна возраст во хеликоптерска несреќа, заедно со неговата ќерка Џана и уште седум лица.