Дрејк во центарот на нов скандал: Јавно го обвинија дека е педофил, фановите згрозени од овие зборови (фото)

Дрејк поднесе тужба за клевета поради песната „Not Like Us“ на ривалот Кендрик Ламар.

Канадскиот рапер (38) ја тужи Universal Music Group за ширење „лажна и злонамерна приказна“ дека е педофил, објави TMZ во средата. Дрејк во судските документи вели дека UMG знаела дека песната на Ламар ќе содржи текст и слики во музичкото видео во кое го нарекуваат педофил.

Дрејк го поврзуваат со голем број познати убавици.

Тој ја обвинува UMG дека дозволува „запаливи и шокантни наводи“ затоа што песната била „златен рудник“ за компанијата. Раперот тврди дека UMG се потрудиле да ја промовираат песната бидејќи знаеле дека тоа ќе ја девалвира музиката на Дрејк и ќе им даде потпора во идните преговори за договор. 

Според тужбата, UMG платила трета страна да користи ботови за да ги зголеми стримовите на песната за најмалку 30 милиони. Компанијата, исто така, наводно се вклучила во шема „плаќање за игра“ со најмалку еден радио промотер и доделила песна како „топ табела“ врз основа на лажни податоци.