2.874 објекти се изградени од деловни субјекти во текот на 2023 година во Македонија, додека 2.020 објекти се изградени од физички лица, информира Државната агенција за статистика.
Државната агенција за статистика соопшти дека деловните субјекти во 2023 година изградиле 3.445 станови со вкупно 243.815 метри квадратни, додека физички лица 2.331 станови со 299.224 метри квадратни.
Како што информираат, просекот на изградените станови од деловни субјекти е 70,8 метри квадратни, додека од физички лица 128,4 метри квадратни.