Државјанство од догодина и електронски, Владата ја става дигитализацијата високо на агендата

Уверение за државјанство од догодина ќе може да се вади електронски. Владата ја става дигитализацијата високо на агендата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерката Кочоска потпиша договор за заем од 500 милиони евра од Унгарија по поволни услови, по Нова Година се враќа еврообврзницата која е далеку поскапа. Владата штеди.

Расте бројот на производи со намалени цени, по мерката на Владата за новогодишна кошничка.

ХЕЦ Чебрен е столб за енергетска независност на Македонија, формирана експертска група при Министерството за енергетика да изнајде најдобро решение за негова изградба.

Македонија од ден во ден се трансформира“ – велат од партијата.