Државјанин на Босна и Херцеговина, заедно со Австриец, е обвинет за полов напад врз беспомошно лице, во случајов 14-годишно девојче, а по покренувањето на обвинението вчера, судењето се очекува да започне на 2 април.
Сè се случи во февруари 2024 година за време на фестивалските свечености што се одржаа во Грискирхен. Имено, 14-годишно девојче првично било пријавено за исчезнато, но било пронајдено преку мобилен телефон, во простор надвор од фестивалскиот комплекс.
Кога ја пронашле им кажала што се случило и мајка и веднаш ја однела во полиција да даде изјава, а потоа и на лекарски преглед.
Малолетничката ги идентификувалс сторителите како 21-годишен државјанин на Босна и Херцеговина и 26-годишен државјанин на Австрија. При сослушувањето било утврдено дека двајцата делеле џоинт со девојката, а откако ја конзумирале дрогата имале сексуален однос. Инаку, анализата на крвта на девојката покажала дека таа била во значително алкохолизирана состојба.
Во спротивно, доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна од пет до 15 години.
– Обвинетите признале сексуални дејствија, но тврдат дека врската била консензуална – изјавила портпаролката на обвинителството во Велс, Австрија.