Уште две шпански плажи се затворени веднаш откако повторно била видена ајкула блиску до брегот !
Спасувачите им наредиле на капачите да излезат од морето на плажата Меленара во Гран Канарија, откако ајкула-чекан била забележана од полициски дрон во неделата. Веќе втор ден по ред плажата е затворена откако е забележана ајкула.
Забраната за пливање во неделата попладне беше проширена и на соседната плажа Салинетас, додека два часа подоцна спасувачите кренаа црвено знаме на плажата Сан Агустин на југот на островот, откако турист здогледа перка од ајкула како излегува од водата.
Засега не е јасно дали се работи за истата ајкула која беше забележана претходниот ден.
Снимката од дрон покажа дека неманот бил долг околу три метри.
Повеќето видови на чекан се сметаат за безопасни за луѓето и забележани се само неколку напади, но може да порасне и до шест метри во должина и да тежи до 450 килограми!