Изјавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен блеф, но и познат, се вели во реакцијата на Демократскиот сојуз.
„ДУИ како најодговорна партија за криминализацијата на државата, блокирањето на реформите во правосудството, злоупотребата на Бадентер и балансерот, големиот број неуспешни капитални инвестиции, како и колапсот на државните институции, се доволни причини за повлекување од власт. ДУИ заедно со Маричиќ и Ковачевски ја водат надворешната политика, која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно инкорпорирање во преговарачката рамка, особено за уставните промени и историските и образовните прашања, без пошироки консултации.
Пред се Бујар Османи, кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците, но и на другите граѓани и ги загрози европските перспективи на Македонија, мора да ја напушти функцијата.
Власта нема поддршка од граѓаните ниту мнозинството во Собранието, затоа се неопходни избори, како демократски чин за промена на власта“, велат од Демократскиот сојуз.