На еден настап во Лос Анџелес, Дуа Липа доживеа непријатна ситуација кога еден маж ја допре непристојно додека ги поздравуваше фановите.
Имено, на видеото кое брзо стана вирално, можете да ја видите Липа како се приближува кон публиката за време на концертот за да се фотографира со обожавателите, но еден маж од публиката го искористил моментот и несоодветно ја допрел.
Додека се приближуваше до публиката, Липа рече: „Ви благодарам што сте тука.“ Во првиот ред беше еден маж кој прво ја стави раката на нејзиниот грб, а потоа на нејзиниот задник. По овој потег, обезбедувањето на Липа веднаш реагираше и го отстрани.
Однесувањето на овој обожавател предизвика низа реакции, па во описот на видеото објавено на социјалната мрежа „X“ беше напишано: „Ова буквално ми го превртува стомакот. Дуа само се обидува да се приближи до обожавателите, а некои го сфаќаат тоа на најлош можен начин. Ги мразам ваквите луѓе“.
Бројни фанови изразија гнев и згрозување од оваа постапка во коментарите.
„Каква одвратна личност, вакви луѓе ме прават болен“, „Славните личности не можат ни да се приближат до фановите без ризик од физички или сексуален напад“, „Ова е ужасно“, „Дуа почувствува дека нешто не е во ред, па само го прегрна странично“, „Ако имаше храброст да ја нападне вака, треба да ги трпи последиците“, беа некои од коментарите.
Сепак, обожавателите ја пофалија брзата реакција на обезбедувањето кое спречи понатамошен контакт. Дуа Липа не зборуваше за инцидентот и моментално е на светската турнеја „Radical Optimism Tour“ каде го промовира истоимениот албум објавен оваа година.
Турнејата започна во ноември минатата година во Сингапур, а ќе трае до декември оваа година со настапи низ Азија, Северна и Јужна Америка и Европа.