Дуда: Москва мора да разбере дека оние што ќе дојдат со меч, ќе умрат од меч

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека е неопходно Русија да разбере дека ќе претрпи загуби со напад на независна земја, но дека е подготвен да ги заштити руските војници доколку ја напуштат територијата на Украина.

Ова го изјави Дуда на прес-конференција со претседателот на Украина Володимир Зеленски и со премиерот на Литванија Ингридас Шимоните во Киев, по повод 33-годишнината од независноста на Украина, пренесува украинскиот УНН.

„Ако (руските трупи) ја напуштат Украина, јас ќе бидам првиот што ќе му се јавам на Зеленски и ќе им кажам да не ги убиваат додека одат. Тоа можам да им го ветам на руските војници. Но, сè додека Русија ја напаѓа Украина во војната што ја започна, таа мора да разбере дека оние што ќе дојдат со меч, ќе умрат од меч“, рече тој.