Демократската унија за интеграција (ДУИ) го поздравува одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д од страна на Владата на Република Северна Македонија и воедно му честита на Комитетот за преговори за изградба на Коридорот 8 и 10Д за финализирање на преговорите за изградба на овој историски проект.
Реализацијата на најголемата капитална инвестиција во историјата на Република Северна Македонија ќе придонесе не само за патната инфраструктура и нејзина модернизација, туку и за квалитетот на животот, економијата на земјата, како и за поквалитетно патно поврзување со соседните земји и со меѓународните коридори.
Демократската унија за интеграција им честита на граѓаните за ова историско достигнување.
Големиот проект Коридор 8 ќе се протега во должина од 68 километри со автопат со шест ленти што ќе ги поврзува Тетово со Гостивар, Кичево и Струга до Ќафасан додека Коридорот 10-Д ќе ги поврзува Прилеп и Битола како проект кој ќе се протега во должина од 40 километри со шест ленти, а периодот на реализација на проектот е 6 години од почетокот на работите.
Големиот сон конечно се остварува!