ДУИ и Талат Џафери го негираат тврдењето на Христијан Мицкоски

Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нивниот функционер, претседателот на Собранието Талат Џафери, ги демантираат тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека лидерот на ДУИ Али Ахмети и Талат Џафери добиле „УСБ-а во плик, со два од трите документи“ во врска со наводите за тајни средби со Никола Груевски. 

Во изјава за телевизија Телма, Талат Џафери смета дека се работи за „шпекулација со дневно-политичка употреба“.

Апсолутно неточно. Чиста шпекулација за дневно-политичка потреба. Ниту имам потреба да добивам ниту да примам било какво УСБ. Ако има нешто нека докаже. Пред кого сака, пред Господ, пред Алах, пред држава, нека почнат постапка и нека докажат дека Талат Џафери примил УСБ. Чиста шпекулација“, изјавил претседателот на Собранието.

И од ДУИ за телевизија Канал 5 одговориле дека тврдењата на Христијан Мицкоски се неточни, дека средбите со Никола Груевски за кои зборувал Али Ахмети биле „за пржинските преговори“ и негираат дека некогаш преговарале со експремиерот за Кривичниот законик.

Единствените разговори за Кривичниот законик се водени со Мицкоски на лидерските средби во Клубот на пратениците по негова иницијатива и барање откако стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и никакво УСБ. ДУИ не е дел од какви било интигрантни сценарија или заговори и нема двојна агенда“, одговориле од ДУИ.

ДУИМакедонијаполитика