ДУИ: Мицкоски продолжува да ги дели Албанците на „добри“ и „лоши“, но оваа дискриминација ги зближува Албанците за да го заштитат своето достоинство

Демократската унија за интеграција реагираше на изјавите на премиерот на земјата, Хрстијан Мицкоски.

Од ДУИ велат дека премиерот продолжува да ги дели Албанците на добри и лоши, но според нив, ваквите изјави само повеќе ги обединуваат Албанците.

Целосна реакција:

„Мицкоски продолжува да ги дели Албанците на „добри“ и „лоши“, оваа реторика ја обединува албанската политичка сцена против него. Премиерот Мицкоски, во својот последен јавен настап, повторно се вклучи во опасна реторика на поделба и дискриминација, овој пат насочена кон Албанците. Наместо да се фокусира на реформите што ги вети, на приближувањето кон ЕУ, економската стабилност и почитувањето на етничката рамнотежа, Мицкоски продолжува со националистичка агенда која има за цел да создаде покорни, послушни, тивки и декоративни Албанци. ДУИ јавно предупредува дека оваа реторика не само што е опасна, туку веќе произведува спротивен ефект: ги обединува дури и најголемите политички противници околу заедничка цел, заштита на достоинството, политичката автономија и иднината на албанската заедница во државата“, велат, меѓу другото, од ДУИ.