Демократската унија за интеграција итно бара оставка од министерот за внатрешни работи поради невидената и неоправдана интервенција на полицијата на синоќешното одбележување на Денот на албанското знаме.
Оваа интервенција не само што спречи мирна и традиционална манифестација на Албанците, туку предизвика и тензии и непотребни инциденти кои ја нарушија меѓуетничката хармонија во државата“, велат од ДУИ.
Од ДУИ велат дека пристапот на државата кон феноменот палење знаме останува селективен, бидејќи Албанците се казнуваат за палење на македонското знаме но не и оние кои го палат албанското знаме.
„Понатаму, денеска сме сведоци на селективен и едностран пристап на институциите на прогонот. Додека албанските граѓани кои го запалија државното знаме се забранети и казнети, оние кои го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој дискриминаторски и нефер пристап е неприфатлив и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции, продлабочувајќи ги поделбите и тензиите во општеството. Министерот за внатрешни работи не гарантира фер и професионален пристап кон инцидентите, покажувајќи неспособност и недостаток на одговорност да се справи со меѓуетничките ситуации со должно внимание. Поради оваа причина, бараме негова итна оставка. Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и достоинството на Албанците, како и на зачувувањето на соживотот и стабилноста во Република Северна Македонија. Нема да толерираме државните институции да се користат за дискриминаторски политики кои ги нарушуваат правата на граѓаните и меѓуетничкиот соживот“, се вели во реакцијата на ДУИ.